Дете преживеало три дена во сибирска шума

Како што пренесуваат руските медиуми, детето во својот џеб имало само неколку коцки чоколадо, спиело на купишта суви лисја, а локалните власти прогнозирале дека имало мала шанса да преживее.

Во потрагата по детето биле вклучени повеќе од 100 луѓе, вклучувајќи го и руското Министерство за вонредни ситуации.

За да се осигураат дека не станува збор за киднапирање, полицијата прво извршила рација на 63 куќи во селото Кут, а детето е најдено во шума оддалечена 3 километри од тоа село.