Дете во Јужна Кореја изгладнело до смрт додека таткото играл игри на интернет

Во Јужна Кореја вчера е уапсен маж (22) чијшто двегодишен син починал од глад додека неговиот татко деновите ги поминувал пред компјутер играјќи видео игри на интернет. Медиумите наведуваат дека таткото Чунг е уапсен бидејќи во кеса за отпад било откриено телото на дететето во поодмината состојба на распаѓање во близина на југоисточниот град Даегу.

АФП наведува дека медиумите објавиле снимки од безбедносните камери од лифтот на зградата во која е прикажан Чунг како пред огледало ноншалантно си ја поправа фризурата, додека во другата рака ја држел кесата во која наводно се наоѓал починатиот син.

Неговата сопруга кон крајот на февруари започнала да работи во фабрика која е оддалечена од местото на живеење и грижата за детето ја презел невработениот сопруг. Но, Чунг деновите ги поминувал во интернет кафулиња, а дома доаѓал на два-три дена за да го нахрани момчето.

Полицијата наведе дека го пронашол син му мртов на 7 март и дека неговото тело го оставил дома повеќе од еден месец пред да го фрли телото недалеку од дома.Тој најпрво пријавил дека детето исчезнало, за на крај да ја признае вината.

Чунг најверојатно ќе биде обвинет за убиство и напуштање на детето.

Инаку, дури 12 отсто од младите во Јужна Кореја се високоризични за да постанат зависни од Интернет!