понеделник, 23 јануари 2017  |  Вести денес: 59

Детенце ќе се задушело од стиропор во торта, родителите ќе ја тужат слаткарницата

Слаткарницата во ниту еден момент не ги предупредила родителите дека во тортата ќе стават делови што не се за јадење.

helikopter-stiropor

Последни вести

Двегодишно дете за малку ќе се задушело од парче стиропор ставен во неговата роденденска торта. Всушност, тортата била украсена со хеликоптер од стиропор, по желба на славеникот, но слаткарите не ги предупредиле родителите дека во тортата има и стиропор. Неофицјално, станува збор за слаткарница која се наоѓа во населбата Маџари.

-Стиропорот не се гледаше, беше прекриен со слоеви фил и завршен слој локум исто како и останатиот дел од тортата. Ние не очекувавме ништо такво оти од слаткарницата не ни кажаа дека хеликоптерот не е за јадење – го пренесува весникот Вест  родителот на детето.

-Моето двегодишно дете, славеникот, голтнало цело парче кое му стоеше заглавено во грлото. Не можеше да дише, почна да помодрува, па јас пикнав прсти во грлцето и успеав некако да извадам дел од стиропорот. Веднаш го однесовме на лекар за да ги извадиме и другите парчиња. Од тортата со стиропор пробаа и уште три мали дечиња додека да откриеме што е. Сега се сите добри, но и јас и останатите родители ќе ја тужиме слаткарницата- вели таткото на двегодишното дете, трето по ред во семејството.

Неговиот син завршил со исечено грло од обидите да му го извадат стиропорот, се плаши во сон и веќе неколку дена, од петокот навака, одбива да јаде. Родителите случајот го пријавиле во полиција, а за тортата со стиропор е известена и Агенцијата за храна и ветеринарство.

Родителите безуспешно се обиделе да добијат објаснување од сопственичката на слаткарницата за стиропорот во тортата. За нарачката на тортата тие имаат пишан документ, оти целата комуниикација одела преку е-пошта. Во ниту еден момент, како што велат, слаткарницата не ги предупредила дека во тортата ќе стават делови што не се за јадење, пишува „Вест“.

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, вчера спроведоа детална инспекциска контрола во скопската слаткарницата.

Резултатите од направената контрола од страна на инспекторите за храна, треба да бидат  готови денеска.

Најчитани вести