Детенцето со најлонскиот дрес од Меси го гушкаше и не сакаше да го напушти фудбалерот (ВИДЕО)

Цел свет беше трогнат од приказната за малиот Муртаза Ахмади кој самиот со најлони си направи дрес од неговиот идол Лионел Меси.

Веста со брзина на светлината го обиколи светот, а на ревијалниот меч во Катар, каде се сретнаа Ал Ахли против Барселона, домаќинот – спонзорот Катар Ервејс му приреди прекрасно доживување на Муртаза.

Имено 6-годишното Афганистанче не само што се сретна со Меси, туку ја имаше честа и заедно со него да истрча на теренот, од каде не сакаше да го напушти неговиот идол.