Детето и жената која се породи пред Гинекологија Чаир се добри

Жената која вчера се породи пред Гинекологија Чаир е во добра здравствена состојба. Добро е и бебето кое при породувањето во автомобилот паднало на бетонот.

Како што пренесе „Прес 24“, жената сама со автомобил дошла пред гинеколошко-акушерската клиника “Мајка Тереза и неможела да излезе од автомобилот. Иако луѓето кои се наоѓале во близина веднаш ги повикале докторите тие не излегле да и помогнат.

Директорот на болницата за  „здравство 24“ изјави дека ова е четврто породување на жената. Претходните три деца ги родила во домашни услови. Сега ја згрижиле и е во добра состојба.