Детето кое со татко му беа сопнати од унгарската снимателка, излезе на терен со Кристијано Роналдо

Заид Абдул беше едно од децата кои потоа се сликаа со фудбалерите, а на натпреварот присуствуваше и неговиот татко Осама Абдул Мохсен и братот Мухамед.

Таткото на Заид е фудбалски тренер од Сирија, кој на пошироката јавност и стана познат кога го сопна снимателка на една унгарска телевизија додека со детето в раце се обидуваше да помине од Србија во Унгарија.