„Детето ми умира, а лекарите не знаат што му е“

Четиригодишниот Новак Кокоривиќ од Белград не реагира на лекови, има напади на епилепсија и мора итно да биде пренесен во Германија за што му се потребни 30.000 евра.

Неговите родители претходно загубиле ќеркичка кога имала две ипол годинки. И таа имала слични симптоми, но не се открило што и е.

Таткото бара помош од сите кои можат да помогнат за неовото синче да замине во Германија, да биде излекувано и да може да живее како секое друго дете.