Детото од Штип починало од истоштеност и замрзнатост

Тригодишното дете од Штип кое беше пријавено како исчезнато вчера беше пронајдено мртво кај местото викано „Струмина Чешма“.

Извршен е увид, а по извршена обдукција е утврдено дека смртта настапила како резултат на истоштеност и замрзнатост.