Детроит доби „зелено светло“ за банкрот

Федералниот судија одлучи Детрои да добие заштита од неговите кредитори, со што ќе биде најголемиот град во американската историја кој што банкротирал.

Соочен со повеќе од 18 милијарди долари долг, на овој некогашен центар на американската автомобилска индустрија сега му недостасуваат пари дури и за улично осветлување.

По долгите сослушувања и повеќенеделните разгледувања, судијата Стивен Родс соопшти дека Детрои може да го репрограмира долгот, како и тоа дека до март ќе биде доставен план за реорганизација и отплата на долг.

„Градот повеќе нема средства на своите граѓани да им ги обезбедат основните услуги“, рекол Родс.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.