Детроит го намачи Портлнд

Со кошот на Демијан Лилард во завршницата од продолжението Портланд славеше во Детроит забележувајќи ја 21-та победа во сезоната, 11-та гостинска. Лилард мечот го заврши со 23 поени и 7 асистенции, додека тимот во текот на натпреварот го „носеше“ ЛаМаркус Олдриџ со 27 поени, 12 скока и три блокади.

Тимот на Оклахома испушти 16 поени предности во последните шест минути против Орландо, но стигна до 12-та победа на домашен терен, што е прв перфекте скор во лигата уште од 2008 година. Најефикасе беше Кевин Дурант со 28 поени, девет скока и пет асистенции, додека Расел Вестбрук дополни 20 поени со 12 скока и шест асистенции. Арон Афлало го предводеше Орландо со 25 поени.

Резултати:
Сакраменто – Хјустон 106:91,
Мемфис – Минесота 93:101,
Детроит – Портланд 109:111,
Оклахома – Орландо 101:98,
Денвер – Њу Орлеанс 102:93,
Феникс – Голден Стејт 102:106.