Свет

Децата на Мандела се тепаат за неговото богатство тешко милиони

Децата на Мандела се тепаат за неговото богатство тешко милиони

Податоците за наследството не се достапни за јавноста, што ја отежнува проценката на вредноста на неговиот имот, во која спаѓаат и луксузната куќа во Јоханесбург, стан во Источен Кејптаун како и авторските хонорари од продажба на книгите.

Мандела три пати се женеше и има триесетина деца, внуци и правнуци.

Во центарот на вниманието се неговите ќерки Маказиве од првиот и Зенани од вториот брак кој водат правна битка околу контролата на фондот вреден 1,2 милиони евра. Овој фонд Мандела го осмислил како еден вид безбедност за ќерките во случај навистина да им се неопходни пари, но ги поттикнал децата да заработуваат сами за живот и да не се потпираат на неговиот имот.

Некогашниот адвокат на Мандела, Џорџ Бизос, тврди дека првиот црн претседател на Јужна Африка бил бесен кога дознал дека ќерките сакаат да ја преземат контролата над фондот.

Една од неговите ќерки, Зенани е обвинета дека поддржала низа недолични организации и проекти за да добие пари од фондот. Нејзините две ќерки, Свати и Зазивам се ѕвезди од реалното шоу „Да се биде Мандела“. Тие имаат и своја модна линија која се вика „по долг пат до слободата“, име на автобиографијата на нивниот дедо.

Неговата ќерка Макзиве основала винарија „Куќата на Мандела“, која продава вино „Мадиба“, по најпопуларниот прекар на Мандела. Таа е гневна бидејќи ја обвинуваат дека го користи името на татко си за да заработи.

Посебна приказна е омилениот внук на Мандела. Полицијата на почетокот од годината покренала истрага против Мандле, под сомнение дека илегално ексхумирал тела на три деца од семејната гробница.