Детска хуманитарна акција за помош на поплавените подрачја

Во Капитол мол, утре и задутре, ќе биде одбележан Меѓународниот ден на детето ( 1 ви јуни), со хуманитарна акција „Креативци со големи срца“. Во организација на ликовното училиште Eco Art, компанијата Office Plus и трговскиот центар Капитол мол.

Kreativci so golemi srca

Во текоте на викендот, во периодот од 12 до 14 часот, сите дечиња кои сакаат да се вклучат ќе имаат можност да учествуваат и заедно со дечињата од градинките и основните училишта во општина Аеродром ќе изработуваат цртежи. Цртежите направени од децата кои ќе учествуваат потоа ќе бидат продавани по симболични цени. Парите собрани од акцијата, ќе бидат донирани за поплавените подрачја во Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска.

Хуманитарната акција која ќе се одржи во просториите на Капитол Мол има за цел да ја поттикне креативноста и едукацијата кај децата, а воедно да ја поттикне и хуманата димензија, помагајќи им на оние на кои тоа им е најпотребно.