Детската игра заврши со повреда: 15-годишник застрелан со пиштол

Детската игра во гостиварско заврши трагично. Играјќи си со пиштолот на татко си момче си го повреди другарчето.

Според информациите од полицијата, синоќа две деца, на возраст од 12 и 15 години си играле на улица во гостиварското село Горна Бањица.

За време на играта, помалото момче,  играјќи си со пиштолот на неговиот татко, кој го поседувал со дозвола, испукал куршум кон три години постарото другарче од соседството.

Од куршумот петнаесетгодишникот бил повреден во пределот на левата потколеница и натколеница, по што бил пренесен во гостиварската болница. Поради сериозноста на повредата е препратен во Клиничката болница во Скопје.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.