Детската клиника доби донација од Гази Баба

Општина Гази Баба оваа година донираше на одделението за неврологија, 28 јоргани и 30 перници со што ја продолжува соработка со Клиниката за детски болести. Градоначалникот Тони Трајковски и директорката на клиниката, Аспазија Софијанова, остварија средба на која разговараа за досегашната успешна соработка и за нејзино продолжување.

Донациите се овозможуваат од средства кои општината ги собра од одредени културни активности и донации, а целта е да дадеме придонес за подобрување на условите во Детската клиника. Би сакал да упатам апел, сите институции што можат да направат вакви активности, бидејќи секоја донација на било која Клиника ќе биде од голем придонес за подобрување на условите. Воедно, ние сите заедно имаме обврска да работиме за подобри услови на нашите граѓани, истакна Трајковски.