Детскиот кошаркарски летен камп на МЗТ почнува утре

На терените во Спортскиот центар „Ново Лисиче“ од утре почнува детскиот летен кошаркарски камп во организација на „МЗТ Скопје – Аеродром“.

-Летниот кошаркарски камп, кој ќе трае до 24.6.2015 година, за децата-учесници ќе обезбеди возбудливо летно спортско доживување, незаборавни денови поминати во дружење и забава со најдобрите кошаркари од сениорскиот тим на МЗТ, како и усовршување на техниките на игра, информираат од општина Аеродром.

Исто така, е организирано натпреварување еден на еден, тројца на тројца, како и слободни фрлања и шутирање тројки, а за најдобрите дрес и пехар за постигнатиот успех