Магазин

Детскиот креативен центар ќе биде свечено отворен на почетокот на септември

Детскиот креативен центар ќе биде свечено отворен на почетокот на септември
Реконструктивните зафати во Детскиот креативен центар при ЈУ МКЦ се одвиваат согласно утврдените динамика и рокови. Благодарение на средствата од Американската агенција за меѓународен развој – УСАИД, преку Проектот “Со читање до лидерство“ кој го спроведува Фондацијата за образовни и културни иницијативи “Чекор по чекор“, покрај градежно реконструктивните зафати. Детскиот креативен центар ќе биде опремен со современи содржини за унапредување на јазичната и математичката писменост кај учениците од почетните одделенија, една, од главните цели на Проектот.
Библиотека за најмладите ученици, математичко катче, ликовно и театарско катче, мултимедијални дидактички помагала…, се само дел од содржините кои ќе ги нуди центарот. Тие ќе се достапни на учениците, кои, заедно со своите наставници и родители ќе можат низ игра да научат многу нови работи и секако, да се забавуваат.
Според планот, кон крајот на месецот август, реновирањето и опремувањето ќе бидат целосно завршени. “Новиот” Детски креативен центар, ќе биде свечено отворен во првата половина на септември, 2014.
Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство’’, сите активности ги подготвува и спроведува во соработка со Бирото за развој на образованието и Државниот испитен центар. Активностите се спроведуваат во одбрани училишта од сите региони во Македонија
Детскиот креативен центар е последното парче од мозаикот именуван “МКЦ во ново руво”, проект, кој започна во 2011 год., со средства од Градот, ИПА фондовите, ЕУРИМАЖ, и повеќе ктитори од Македонија. Во минатите три години, објектот на МКЦ доживеа огромни промени: енергетски ефикасна фасада, реновирана концертна сала и нова аудио и светлосна опрема, нова сцена, нов дигитален проектор, и климатизација на Кино Фросина, нова, најсовремено опремена Галерија, комплетно реновирање на Џебното Кино, санирање на куполите и ентериерот на Планетариумот, реконструкција на бифето, заменет кров, подови, врати, прозори, санитарни јазли, тоалети, радијатори, компјутери и компјутерски мрежи, се наведува во соопштението од Младинскиот културен центар.
dkc2