Девер претепал снаа и внука во тетовско

Четириесет и тригодишната Џ.М. од тетовско Камењане, вчера пријавила дека врз неа и нејзината малолетна ќерка било извршено семејно насилство од деверот и чичко Ј.И.( 41 ), со кого живееле во иста куќа.

Од СВР Тетово информираат дека по меѓусеба расправија, тој најпрво и удрил неколку шлаканици на внуката, а потоа физички ја нападнал и Џ.М, нанесувајќи им видливи повреди, поради што побарале кривичен прогон.

Се превземаат мерки и активности за целосно расветлување на случајот.