Балкан

Деверот првоосомничен за убиството на српската пејачка

Деверот првоосомничен за убиството на српската пејачка

Прв на листата на осомничени за убиството на српската пејачка Јелена Крсмановиќ е нејзиниот девер, Милош Марјановиќ, пренесуваат српските медиуми.

Според пишувањето во медиумите, Марјановиќ со силна хемија ги перел патиките и го исчистил тепихот веднаш по злосторството.

Јелена исчезнала на 2. април, а нејзиното тело е пронајдено ден подоцна кај насипот во населбата Црвенка.

Од тогаш полицијата интензивно трага по убиецот на Ѕвездата на Гранд.