Девет Албанци добија 126 години затвор за регрутирање борци за ИД

Судот во Тирана синоќа на деветмина Албанци им изрече казна од вкупно 126 години затвор за поттикнување тероризам.

Тие регрутирале и испраќале албански државјани на боиштата во Сирија.

 

Двајцата имами, Бујар Хиса и Генци Бала, добија затворска казна во траење од 18 односно 17 години, Герти Пашја доби 17 години,додека година помалку Зеќир Имери. Орион Речи, Верви Морава и Едмонд Бала, добија по 13 години затвор, додека Фадил Муслимани и Ардит Тола, 12 односно седум години затвор.

По изрекувањето на пресудата,била предизвикана тензична ситуација во судската сала,откако осудените се заканувале на судот со зборовите„ ќе ја добиете заслужената казна“.

Обвинителството за тешки кривични дела во Тирана, на петти април, побара 152 години затвор за деветмината обвити  со обрзолежение дека поседува доволно докази дека обвинтите, во 2013 година убедувале,регрутирале и испраќале,главно помлади лица да се борат  на страната на џихадистите.  

Обвинетите беа уаспени во март 2014 година.