понеделник, 5 декември 2016  |  Вести денес: 62

Девет причини кои ја почнаа Првата Крстоносна војна

На прв изглед, Првата Крстоносна војна личи на нешто со проста причина, омразата на една религиска група према друга. Во реалност причините се многу покомплексни. Широк спектар на причини го натерале Папата Урбан Втори да ја започне оваа војна во 1095 година кои многумина со задоволство го послушале.

133356174

Поврзани вести

1. Насилно општество
За модерни стандарди, средовеквна Европа била ужасно насилно место. Физичка сила се користела за да се постигнат разни цели. Лордови користеле насилство за да покажат влијаније према своите поданици, како и користеле сила во меѓусебните недоразбирања за да добијат политичка и економска надмоќ. Проблемите на интернационалната политика најчесто се решавале на бојните полиња. Кога тоа ќе се случело, војните ги погодувале сите во регионот преку пљачкосување и масакрирање додека бандитството цветало. Во ваков контекст, луѓето биле склони кон насилство и тоа се користело на начини на кои најдобро одговарале на тогашната политика.

2. Борба за контрола на Медитеранот
Неколкумина биле само во можност да ја воочат битката за Медитеранот и таа била најмногу за религиска доминација на регионот. Од неговото раѓање во 7. век, Исламот се проширил надвор од Средниот Исток со помош на муслиманските владетели кои ја заземале северна Африка и големи делови во јужна Европа. Во 11. век, Христијанството го возвратило ударот така што христијанските лордови заземале територии во Шпанија и Италија.

Една од малкуте институции со знаење, разузнавачка мрежа и широка географска и историска перспекитва за да го забележи сето ова било Папството. Тоа можело да согледа повеќе трендови и можеле навремено да реагираат во било која насока што сакаат без некоја поврзаност со моралните вредност.

3. Предрасуди
Многу Европејци имале малку контакт со Муслиманите па тие реално немале претстава кои и што се тие луѓе. Колку што биле свесни Европјаните за Исламот, тие го сметале за непозната и вознемирувачка работа, како религија на пагански идолатори. Приказни за Муслиманските злосторсртва биле земани „здраво за готово“, како и чудните приказни за животот на муслиманскиот проповедник. Сето ова направило лесно за да Муслиманите бидат сметани за жртвени јагниња цели на христијанството.

4. Причина за политичко обединување
Владетелите на европските нации имале релативно слаба контрола над нивните територии. Тие единствено можеле да ги контролираат само преку елитите на нивната нација. Тие луѓе биле склони да се борат со авторитетот исто толку колку што биле спремни да се потчинат. Кога ќе се појавела шанса за да се создаде заедничка цел за поголема кооперација, во голема предност било владетелите да ја искористат. Со поддршка на заедничката цел на Крстоносната војна, владетелите можеле да си го осигураат престолот и да ги зацврстат односите со своите поданици.

5. Култура на елитни воини
Средовековното општество било поделено на три класи: оние кои што се борат, оние кои што се молат и оние кои што работат. За тие на врвот, нивниот идентитет како воини бил од големо значење. Нивниот сенс за идентитет и нивната позиција во општеството биле тесно поврзани со нивните боречки вештни и поделената култура на физичка издржливост и воена чест. Единствен начин како да го одржат својот статус, како индивидуи и како група, е постојано да бидат во борба. Крстоносната војна им дала токму таква шанса без опасност да не ги испочитуваат своите претпоставени, без да го предизвикаат гневот на Црквата или да си ги загорзат сопствените територии и земји. Тоа било перфектна шанса да го живеат овој начин на живот на кои цело време биле потсетувани дека бил нивен.

6. Грегоријанска Реформа
Културата на оние кои се молат била поденакво важна. Црквата штотуку излегла од период на трансформација познат како Грегоријанската Реформа, именуван по еден од нејзините лидери Папата Грегориј Седми (1073-1085). Овие реформи и дале на Црквата нови сили и акцент на чистинатана оваа вера со што се обесхрабрувало толеранција на арелигиозни однесувања, без разлика дали тоа биле обични попови кои ги кршеле правилата, најважна цел ан реформата, или неверници кои што живеат на маргините на Христијанството. Како помош  за да се мотивира оваа Крстоносна војна, овие реформи му дале на Папата Урбан Втори поефективна црквена администрација со која ќе може да ја мобилизира масата за војна од вакви размери.

urban_ii_cropped

7. Дела за да се искупат грешниците
Грегоријанската реформа, како битката за превласт на Медитеранот, била широк тренд, но многумина надвор од Црквата не биле свесни за неа. Но еден религиски концепт бил познат на сите христијански Европјани, а тоа било гревот.

Во очите на средовеквоните католици, духовно спасение било дело на балансирање. Грешните дела ја осудувале душата на пекол, но добрите дела би можеле да го избалансираат ова, ефективно откупувајќи си ја душата. Еден од најчестите добри дела во економијата на осудување било аџилакот – патување до некое далечно свето место од големо религиозно значење.

Крстоносците по автоматизам верувале во грев, окајување и спасение. Многумина од нив знаеле дека грешеле, а сакале да одат во рајот место во пеколот. Со претворањето на Крстоностната војна во вооружен аџилак, со сите гревови искупени за оние кои ќе учествуваат, Папата Урбан Втори осигурал голем ентузијазам и одѕив за неговата војна.

8. Значењето на светите места
Христијанската религија била тесно поврзана за чувството на религиските места. Рим бил главниот град на Црквата. Дестинации за аџилак биле местата за спасение. Црквите и катедралите биле свети места кои нуделе правна, како и духовна заштита. Средовековните воини биле учени дека светите места се од големо значење и дека никаде не било посвето од градот Ерусалим. Ова создало чувство на ентузијазам  за крстоносците да го спасат овој град, ентузијазам кој до тогаш не бил сведочен.

9. Првородството
Европа била раководена од првородството, правило каде што најстариот син го наследувал таткото во целост со земја, титули и моќ. Ова создавало стабилност и помогнало да се создадат големи блокови на моќ на континентот. Овој начин истот така создал и проблем, илијадници од помлади синови на аристократи без наследство или цел тренирале само за борба. Овие луѓе биле основата на воената моќ на Крстоносната војна што за возврат имале шанса да добиат земја од новоосвоените територии. На овој начин се создал безбендосен вентил со кој се пренеле опасните индивидуи од еден крај на светот во друг, подалеку од бандитски живот и граѓански војни.

Најчитани вести