Македонија

Девет фирми заинтересирани за реконструкција на железничките станици

Девет фирми заинтересирани за реконструкција на железничките станици

Девет странски и домашни компании се јавиле на огласот за реконструкција на 10 железничките станици долж пан-европскиот коридор 10.Изборот на фирмата која ќе го имплементира проектот треба да  заврши кон крајот на годинава.

Со реконструкцијата ќе бидат опфатени следниве железнички станици: Велес, Прилеп, Битола, Гевгелија, Богомила, Чашка, Табановце, Демир Капија, Градско и Неготино – Вардар.

Предвидено е да се реновира водоводната и електричната инсталација – вклучувајќи ги и внатрешното и надворешното осветлување, санитариите, инсталација на системи за греење и ладење, системи за противпожарна заштита, патнички информативен систем, како и подобрување на пристапноста за товарен транспорт и достапност и поврзување со патниот транспорт Исто така, на железничките станици, целосно ќе бидат заменети покривите, подовите, фасадите и внатрешните ѕидови, а ќе биде поставена нова термичка изолација, нови тоалети, како и рампи за подобрувањето на пристапноста за лицата со намалена подвижност.