Девет гранати од Украина експлодираа на територијата на Русија

Девет гранати од Украина експлодираа во рускиот регион Ростов, изјави портпаролот на службата на руските граничари во тоа подрачје Василиј Малајев.

Овие гранати експлодирале околу еден километар подалеку од селото Митјакинскаја, и биле испалени од соседна Украина.