Две свињи и девет кучиња угинаа во пожар во штала

Две свињи и девет кучиња угинаа во пожар во штала. Како што информираат од МВР ноќеста 20-тина минути по полноќ во село Бардовци, скопско, избувнал пожар во штала сопственост на Љ.Б..

Засега не се познати причините поради кои избувнал пожар.

Во огнената стихија загинале две свињи и девет кучиња. Пожарот е изгаснат  од страна на две екипи од БППЗ.