Девет лица полесно повредени во сообраќајки во Скопје

Девет лица се полесно повредени во пет сообраќајни незгоди што се случиле на подрачјето на СВР Скопје во текот на вчерашниот ден. Во шест од сообраќајките причинета е материјална штета.

Во текот на изминатиот ден откриени се и поголем број прекршоци. Девет возачи се движеле со поголема брзина од дозволената, шест возачи не отстапиле првенство на минување во зоната на крстосница, четири возачи не ги почитувале правилата за престигнување и 17 возачи ги управувале возилата без возачка дозвола, односно нерегистрирани. Непрописно биле паркирани 40 возила.

Со помош на специјалното возило отстранети се 62 возила.