Девет лица загинале при рушење на зграда во Индија

Девет лица загинале, а 25 се заробени во рушевините кога се срушила заграда од јужна Индија.

Најмалку 27 лица се извлечени од под рушевините, а погоолемиот број од жртвите се градежни работници. Меѓу настраданите има и случајни минувачи кои од силното невреме се засолниле на градилиштето.

Полицијата засега уапси две лица од градежната компанија кои биле одговорни за проектот за изградба.