Девет луѓе избодени со нож на железничка станица во Кина

Двајца вооружени напаѓачи денеска со нож прободеа девет лица на железничка станица во јужниот дел на Кина.

Полицијата пукала и го убила еден од осомничените, додека другиот е уапсен.

Истрагата се уште е во тек и не се откриени мотивите за нападот.

Во сличен напад пред една година на железничка станица во Кунминг, јужна Кина, убиени се 29 лица. Кинеските власти за нападот ги обвинија сепаратистите од провинцијата Синџанг.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.