Девет мигранти уапсени во Германија

Деветмина имигранти се уапсени денеска од страна на германската полиција при акција спроведена во рамки на истрагата против осомничениот терорист, кој се обиде да изврши напад врз полициска станица во Париз.

Како што јави ДПА, полициската акција е спроведана во градот Реклингхаузен каде живеел осомничениот терорист со статус на барател на азил.

Тројца од уапсените престојувале илегално во Реклингхаузен, град во германската сојузна покраина Северна Рајна – Вестфалија.

При акцијата, спореведена во два центри за сместување на имигранти, полицијата одзела крадени стоки, алати за обивање и наркотични средства.

Осомничениот терорист од Реклингхаузен беше убиен при обидот да изврши напад врз полициска станица во Париз на 7 јануари, кога во Франција се одбележуваше годишнината од нападот врз редакцијата на сатиричниот весник „Шарли Ебдо“.