Македонија,Крими хроника

Девет несреќи за 24 часа во Скопје

Девет несреќи за 24 часа во Скопје

Девет сообраќајни несреќи се случиле во Скопје во изминативе 24 часа.

Во три е причинета материјална штета, а во четири се повредени четири лица. Со полесна повреда се здобиле двајца возачи на патничко возило, еден патник во автобус и еден мотоциклист.

Во две од несреќите две лица се здобиле со потешки повреди. Првата се случила на улицата „Бранислав Нушиќ“ во која учествувале патничко моторно возило со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и пешак, граѓанин на Скопје. Како последица на незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди.

Втората се случила на крстосницата од улиците „Иван Хаџи Николов“ и „Јанко Мишиќ“ помеѓу патничко моторно возило „југо“ со скопски регистарски таблички, управувано од  граѓанин на Скопје и возач на мотоцикл, управуван од граѓанин на Скопје. Во незгодата возачот на мотоцикл се здобил со тешки телесни повреди.

За денес нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.