Девет причини зошто да имате секс токму сега!

После читањето на овој текст веќе нема да се двоумите дали вечерва да имате секс или не. Ако постои и најмало возбудување, искористете ја приликата, има многу добри причини за тоа, а овие се деветте најважни.

Сексот, пред се`, е неизмерен извор на задоволство, но има и многу други позитивни ефекти на организмот. Ако имате редовен секс, ќе имате и квалитетен сон, убава линија и уште многу други работи.

Го подобрува здравјето на срцето

Неодамна направено истражување покажало дека мажите кои имаат секс повеќе од два пати неделно имаат помали шанси за добивање на инфаркт од мажите кои имаат секс еднаш месечно.

Ослободува од болката

Ако главоболката ви е изговор за да го избегнете сексот, престанете со тоа. Во моментот кога доживувате оргазам, нивото на хормонот окситоцин се зголемува пет пати. Лачењето на ендорфин исто така ги намалува болките.


Го подобрува имунитетот

Со редовен секс се зголемува нивото на антитела, имуноглобулин А, кој го јакне имунитетот. Вашето тело ќе биде поотпорно на настинки.

Го намалува стресот

Ако сте под стрес, немојте да дозволувате тоа да влијае врз вашиот сексуален живот. Сексот, не само што ќе го поправи вашето расположение, туку и ќе ве ослободи од стресот, па ќе бидете генерално посреќни во животот. Тоа е научно докажан факт.

Долговечност

Кога личноста ќе доживее оргазам, доаѓа до лачење на хормонот дехидроепиандростерон, кој го подобрува имунитетот, го обновува ткивото и ја одржува кожата здрава. Мажите кои барем два пати неделно доживуваат оргазам живеат подолго во однос на оние кои секс имаат една во неколку недели.

Ја подобрува циркулацијата

За време на сексот срцето работи побрзо, а свежа крв стигнува до органите и клетките. Користената крв се отстранува, а на тој начин се исфрлаат и работите кои ве прават уморни.

Квалитетен сон

Сигурно сте забележале дека подобро спиете после секс, а квалитетниот сон е еден од најважните фактори за здравјето.


Ја подобрува физичката состојба

Ако не ви се оди во теретана, сексот ќе ви помогне да останете во форма. Водењето љубов половина час согорува 80 калории.

Го зголемува нивото на естроген и тестостерон

Естрогенот и тестостеронот прават подобро да се чувствувате во кревет, а позитивно влијаат и врз мускулите и коските. Покрај тоа, го регулираат и холестеролот. Естрогенот жените ги штити од болести на срцето и го одредува нивниот мирис.