Свет

Девет смртно настрадани во пожар во болница на Тајван

Девет смртно настрадани во пожар во болница на Тајван

Во пожарот кој избувнал во понеделникот во болница на Тајван смртно настрадале девет лица а уште други шеснаесет се повредени и е во критична состојба соопштија тамошните власти додавајќи дека е покрената истрага којашто треба да и утврди причините за пожарот.

Премиерот Вилијам Лаи изјави дека министерството за здравство ги надгледува напорите на спасувачите во болницата во Њу Тајпеј Сити, во која огнот бил изгнаснат кусо пред разденувањето.

Пожарот избувнал на седмиот кат од болницата, кој се користел за хоспитализирање на стари и немоќни лица.

Снимките кои се објавени од местото на настанот прикажуваат евакуација на неподвижните пациенти во болнички кревети, како и спасувачи кои на носилки префрлаат други пациенти во биолнички возила.

Бројни амбулантни возила на итната помош стасале пред болницата за да ги префрлат пациентите до други болници,