вторник, 30 мај 2017  |  Вести денес: 6

Девет сообраќајки вчера во Скопје, две лица потешко повредени

soobrakajka-aaa-640x385

Поврзани вести

Патник во автобус и возач на мопед се тешко повредени, а уште две лица се здобиле со полесни повреди во четири од девет регистрирани сообраќајки во Скопје во изминатото деноноќие. Пет сообраќајни несреќи се со последица материјална штета.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека  сообраќајната полиција  санкционирала 40 возачи за пречекорување на брзина, тројца поминале на црвено светло на семафорите, 10  возеле без дозвола односно нерегистрирани, а 24 за непрописно паркирани возила.

Со помош на  специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден отстранети се 52 возила.

Во рамки на проектот „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во градинка „Буба Мара“, објект „Пчелка 1 “, во општина Аеродром.

Најчитани вести