Девет сообраќајки во Скопје за 24 часа

Во текот на изминатиот ден во Град Скопје се случиле девет сообраќајни несреќи.

Како што соопшти денеска МВР, сообраќајната полиција извршила увид на сите девет сообраќајки. Од нив три се со последица материјална штета, а во шест сообраќајни незгоди со полесни телесни повреди се здобиле шест лица.

Сообраќајната полиција изминатиот ден открила поголем број прекршоци. Еден возач е санкциониран заради необновување на регистрација на возилото, а двајца возачи се санкционирани заради неправилно престројување. Констатиран е еден прекршок од пешак.

Специјалното возило „пајак“ не отстранило ниту еден автомобил.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.