сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 0

Девет сообраќајки во Скопје за 24 часа

soobrakajka

Поврзани вести

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди.

Покрај несреќата во која загина еден пешак откако беше прегазен од камион, се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден пешак.

Се случиле и седум сообраќајќи со последица материјална штета.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 16 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото, 12 возачи го управувале возилото по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола, четворица возачи не отстапиле првенство на минување на возилата во зона на крстосница, како и тројца возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците. Санкционирани се и 20 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафор.

Со помош на специјалното возило „пајак“ вчера од страна на сообраќајната полиција отстранети се 75 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај ќе одржи сообраќајна поука со почеток во 19 часот во просториите на Полициската станица од општа надлежност Кисела Вода на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи – непрописно престројување пред крстосница, некористење сигурносен појас или користење мобилен телефон за време на управување со возилото, како и непочитување на ограничувањата на брзината на движење.

Со почеток во 10 часот поранешните вработени на ОХИС, во 11 часот Здружението на автошколи, возачи и инструктори „Обука Л“ и во 11 часот и 45 минути поранешните вработени во „Алумина“ ќе одржат мирен протест на бул. „Илинден“ пред зградата на Владата на Република Македонија. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.

Најчитани вести