Девет сообраќајки изминатово деноноќие во Скопје

Девет сообраќајки се случиле во Скопје по текот на изминатите 24 часа. Од нив, седум се со последица материјална штета, а во две со полесни повреди се здобиле тројца возачи на возило и еден сопатник.

Се случиле уште пет незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.