Девет сообраќајки во изминатото деноноќие

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди.

Од нив, шест се со последица материјална штета и три се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле еден сопатник, еден пешак и еден патник во автобус

Во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се шест возачи кои поминале на црвено светло на семафор, четворица возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај. Дваесет и осум возачи не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 13 возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, како и 16 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 69 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.