Девет сообраќајни несреќи изминатото деноноќие

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди.

Од нив, две се со последица материјална штета и шест се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле четворица возачи на патничко моторно возило, двајца сопатници, еден пешак и еден возач на мопед.

Се случила и една незгода со загинато лице во 13 часот и 15 минути на крстосницата од бул. „Партизански одреди“ и ул. „Ангел Динев“ и „Иван Цанкар“ во која учествувале патничко моторно возило управувано од граѓанин на Скопје и пешак, граѓанин на Скопје. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот кој со Брза помош е пренесен во здравствена установа каде и покрај укажаната помош истиот им подлегнал на повредите.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се пет возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај. Пет возачи кои поминале на црвено светло на семафорот, 35 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 22 се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, како и 24 возачи кои со возилото непрописно се престроиле пред крстосница, не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 61 возило кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни работилници во основните училишта „Климент Охридски“ и „Ацо Шопов“ кои се наоѓаат на територијата на општина Бутел со учениците од второ и четврто одделение.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.