недела, 26 март 2017  |  Вести денес: 26

Девет станбени објекти со нови фасади во Карпош

Продолжува реконструкцијата на фасадите на територија на Општина Карпош.

karpos-fasadi

Последни вести

Продолжува реконструкцијата на фасадите на територија на Општина Карпош.

По бројните реконстурирани објекти, пред само неколку дена започна реставрирањето на фасадата на зградата на улицата „Љубљанска“ бр.1, а веднаш по неа е станбениот објект на улицата „Воденска“ бр.6.

karpos-fasadi-2

Вкупната инвестиција за двата објекта ќе изнесува 4.800.000 денари и  истата ќе биде покриена од буџетот од Општина Карпош. Првиот човек на Општината, Стевчо Јакимовски во изјавата за медиумите, додаде дека и покрај многубројните паркинг простори, станарите ќе имаат  можност за бесплатно паркирање во близина.

Станарите на „Љубљанска“ 1 ќе добијат бесплатен паркинг простор во Т.Ц. Скопје Сити Мол и нема да имаат никаков проблем при паркирањето за своите возила. Исто така, сакам да ги замолам граѓаните со заеднички сили со локалната самоуправа, да ја реконстурираме и покривната конструкција, со тоа што локалната самоуправа ќе издвои средства за лимот, парната брана и изолацијата, а пак граѓаните ќе треба да ги покријат трошоците за работната рака, рече Јакимовски и дополни дека соработката со „Хабитат Македонија“ е од големо значење, бидејќи тие се подготвени да го одобрат повеќегодишниот кредит, со што почнатите згради и најавените девет кои дополнително ќе се работат, целосно ќе бидат  реконстурирани.

Рокот на изведба на двата објекта е 21 ден и се планира до октомври оваа година предвидените 11 згради да бидат целосно реконструирани.

Најчитани вести