Девет убиени во напад врз коптска црква во Каиро

Двајца неидентификувани вооружени напаѓачи отвориле оган во петкот во коптската павославна црква во квартот Хелван во египетската престолнина Каиро, убивајќи девет лица и ранувајќи уште петмина други, соопштија министерствата за здравство и за внатрештни работи.

Припадниците на безбедносните сили застрелале еден од напаѓачите во размената на огнот, додека другиот успеал да избега, изјавил функционер на министерството за внатрешни работи, пренесува египетскат аслужбена агенција MENA.

Според државната телевизија на Египет, во нападот е убиен и еден полициски службеник. Еден од вооружените напаѓаќи кои отворил оган пред црвката и се обидел да се пробие во внатрешнсота, ранил петмина припаднции на безбедносните сили.

Египетските христијани Коптите, кошто сочинуваат меѓу 10 и 15 отсто од вкупното 93-милионско население на земјата, во текот на годинава повеќепати беа цел на напади за коишто одговорноста ја презема во повеќето случаи есктремната исламистичка групација Исламска држава.

Од декември 2016 година повеќе десетици копти се убиеи во нападите на црквите на една од најстарите христијански заедници во регионот на Блискиот исток. Во самоубиствениот напад од 11-ти декември 2016-та врз црквата на свети Петар и Павле, исто така, во Каиро, беа убиени 29 луѓе.