Свет

ВИДЕО: Девет жртви во пукотница во црква во САД

ВИДЕО: Девет жртви во пукотница во црква во САД

Девет луѓе се убиени во пукотница во црква во афроамериканска заедница во градот Чарлстон во Јужна Каролина.

Засега непознат човек отворил оган врз верници во црквата.

Еден човек е ранет и пренесен во болница. Шефот на полицијата на Чарлстон, Грегори Малан изјави дека станува збор за криминален чин предизвикан од омраза, извршен од расистички побуди.

Полицијата е во потрага по момче на возраст од 21 година.