Балкан

Девет жртви во судар на воз и минибус во Турција

Девет жртви во судар на воз и минибус во Турција

Во судар на воз и минибус во Турција, загинаа најмалку девет лица, а неколку се повредени, јавуваат турските медиуми.

Несреќата се случила денска, во близина на градот Мерсин.
Возот се движел од Мерсин кон градот Адана, додека минибусот превезувал работници.

Причините за несреќата се’ уште не се утврдени.