Деветчлена терористичка ќелија на ИД стои зад нападите во Париз и Брисел

Според истрагата вкупно девет членови од терористичката ќелија на ИД кои што стојат зад нападите од Брисел и Париз се во бегство. Тука спаѓа и местериозниот нов бомбаш кој најверојатно побегнал за време на нападот на метрото, пишува британски „Телеграф“.

Полицијата се обидува да го идентификува човекот кој влегол во метрото заедно со Калид Ел Бакрауи, а потоа побегнал.

Фоторобот на вториот напаѓач од метро станицата во Брисел
Фоторобот на вториот напаѓач од метро станицата во Брисел

Според безбедносни експерти, белгиските анти терористички единици се пред свршен чин, со оглед на тоа што 1.200 агенти треба да нагледуваат најмалку 900 сомнителни лица, меѓу кои и најмалку 120 повратници џихадисти.

Белгиските безбедносни сили се растргнати, немаат доволно средства и се преоптоварени, рече д-р Кристина Шори, безбедносен аналитичар.

Белгиската полиција сега е во потрага по најмалку две лица за кои се знае дека биле вклучени во експлозиите, како и по седум други за кои се знае дека биле поврзани.

Според полицијата, човек со голема чанта бил забележан веднаш до Калид Бакрауи на снимката од безбедносните камери на станицата Малбек.

teroristi-brisel

Според друг извор, Бакрауи бил забележан како разговара со друг човек кој не се качил во вагонот. Сепак полицијата сеуште трага по него, како и по човекот со шапка кој беше забележан од безбедносните камери на аеродромот Завентем заедно со бомбашите самоубијци Наџим Лашрауи и Ибрахил Ел Бакрауи.

Се смета дека главен организатор на нападот е Мохамед Абрини, кој во неколку наврати успева да и побегне на полицијата во организираните акции кои доведоа до апсењето на Салах Абдеслам минатиот петок.

Абдеслам и Абрини снимени на бензинска пумпа пред нападите во Париз
Абдеслам и Абрини снимени на бензинска пумпа пред нападите во Париз

Абрини (30) е пријател од детството на Абдеслам и бил виден заедно со него кратко пред нападите вор Париз од ноември минатата година.

Полицијата трага и по Наим Ал Хамед, 28, по потекло Сириец, кој според полицијата е опишан како „вооружен и мошне опасен“. Се смета дека и тој имал значајна улога во нападите врз Париз.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.