Најмалку девет лица се повредени, од кои две потешко, во судири меѓу приврзаници и противници на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган пред турската Амбасада во Вашингтон.
Две лица се уапсени, од кои едно е обвинето за напад врз полицаец.
Судирите избија синоќа само неколку часа по состанкот на Ердоган со американскиот претседател Доналд Трамп.
Засега не е познато која група го почнала судирот. По инцидентот реагирала полицијата, која го затворила сообраќајот, а потоа пристигнале и пожарникари и амбулантни возила.