Деветнаесетто Европско првенство за ветерани во атлетика

Од 22 до 31 август во Измир/Турција се одржува 19-то Европско првенство за Ветерани.
На кое учествуваат повеќе од 2000 учесници од 42 држави од Европа.

Натпреварот се одржува во 11 возрасни категории , започнувајќи од + 35 години па нагоре.

На ЕП единствен наш преставник е атлетичарот Аце ЈАКИМОВСКИ член на АК Скок од Куманово, кој настапи во категорија +55 години во дисциплините 3000м стипл и 5000метри, и ги постигна следниве резултати;

3000м стипл , 13.01.00 сек, 8 место
5000м , 20.42.88 сек, 13 место