петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 48

Деветогодишно дете спречило киднапирање на новородената сестра

Германската полиција соопшти дека спречила киднапирање на новородено бебе во Хамбург, благодарение на брзата реакција на нејзиниот деветгодишен брат.

bebe-640x427

Последни вести

Германската полиција соопшти дека спречила киднапирање на новородено бебе во Хамбург, благодарение на брзата реакција на нејзиниот деветгодишен брат.

Во соопштението на полицијата се наведува дека 34-годишна Германка од болничка соба го украла бебето старо еден ден, додека мајката спиела.

Но, братчето на бебето ја забележало кражбата и се упатило по неименуваната жена. Кога ја стигнало, детето и се обратило на жената, по што таа му го вратила девојчето, се наведува во полициското соопштение.

Полицискиот потпарол Улф Вундрак изјави дека момчето „многу помогнало“ во враќањето на киднапираното бебе.

Најчитани вести