Деветоодделенците од општина Кисела Вода изворно учеа за занаетчиството

Во работилниците на мајсторите, учениците добија одговори за вештините, компетенциите и знаењата потребни за изучување на определен занает. Од чирак до мајстор, од идеја, до готов производ спремен за пазар, модерното наспроти традиционалното, сево ова беше тема на дискусија на денешната средба на учениците со мајсторите.

Проектот е дел од оперативниот план на локалната стратегија за претприемничко учење на општина Кисела Вода за 2016 година. Истиот, до крај на следниот месец ќе ги опфати учениците од нависоките одделенија од сите училишта на територија на општина Кисела Вода.

zanaetcii2

Минатата година, преку оваа програма, деветоодделенците ги посетија индустриските капацитети кои се лоцирани на ова територија.

Целта е преку развивање на претприемнички дух меѓу младите во општина Кисела Вода, да се оспособат за поголема конкурентност на пазарот на трудот и доведувајќи до намалување на стапката на невработеност, примарно на територија на општина Кисела Вода, а со тоа и позитивно влијание на пад на стапката на невработеност во Република Македонија.

zanaetcii