Економија

Девизните резерви на НБРМ зголемени за 488,4 милиони евра

Девизните резерви на НБРМ зголемени за 488,4 милиони евра

Девизните резерви на Народната банка на Република Македонија на крајот на 2014 година изнесуваа 2.432.200.000 евра, што е за 488,4 милиони евра повеќе од крајот на 2013-та, пишува МИА.

Според објавените податоци на НБРМ, монтерното злато во вкупните резерви изнесува 215,600.000 евра, валутите и депозитите се 272.800.000 евра, а хартиите од вредност 1.943.800.000 евра.

На крајот на 2013 година девизните резерви изнесувале 1.993.000.000 милиони евра, во 2012 биле 2.193.300.000 милиони евра, во 2011 година 2.068.900.000 евра, а во 2010 година 1.714.500.000 милиони евра.