Девојче од Белград се бори за живот – ја удрил автомобил додека бркала Покемони

Тринаесетгодишно девојче од Белград вчера беше удрено од автомобил, додека „бркала Покемони“.

Девојчето веднаш по ударот било сместено на Универзитетската детска клиника, на одделението за интензивна нега на хирургија.

Според првичните информации кои ги пренесуваат медиумите во Србија, таа се здобила со тешки телесни повреди.

Тринаесет годишното девојче, не гледајки каде се движи во потрагата по својот омилен лик од оваа популарна игра истрчала на коловозот кога на неа налетал автомобил.