Девојче погодено од залутан куршум додека со другарки седела во двор

Четиринасет годишно девојче било погодено од куршум во ногата во саботата вечерта во скопско Глумово.

Од полицијата информираат дека инцидентот се случил во саботата околу 20:30 часот, додека девојчето во дворот од куќата седело со другарки.

Еден од проектилите кои биле испукани од непознат правец и непознато лице, завршил во палецот од левата нога на девојчето. Тоа веднаш било однесено во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде по укажаната лекарска помош и е пуштена на домашно лекување.

Полицијата на местото на настанот извршила увид и презема маерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.