Девојче повредено во сообраќајка кај Тетово

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале „Форд“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од 17 годишно лице од Тетово и „Опел Вектра“, управувано од З.Б.(34) од с.Стрименица – Тетово.

-Во незгодата возачот на „Опел Вектра“ и сопатничката Р.Б.(38) задобиле тешки повреди и по укажаната лекарска помош во тетовската клиничка болница, пренесени се на скопските клиники. Со тешки повреди задобило и 6-годишно девојче од истото возило (скршеница на рамо), но задржано е во тетовската болница за натамошно лекување информираат од полицијата.

За натамошно лекување во тетовската болница задржани се уште три сопатници од истото возило на возраст од 30, 32 и 37 години кои се здобиле со телесни повреди.

Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.