Девојче од Македонија престанало да јаде пред екстрадиција од Шведска

Петнаесет годишно девојче од Македонија, кое треба да биде екстрадирано од Шведска, од пред два месеца повеќе не е контактибилно, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Девојчето целосно престанало да јаде и сега добива храна на сонда. Апатичната состојба на девојчето се влошила драстично откако таа и нејзиното семејство од страна на шведскиот Миграциски завод добиле негативен одговор и одлука за екстрадиција во Македонија. Барањето за азил на споменатото семејство било одбиено три пати во разни инстанци.

Лекарот Јохан Бливик, кој работи со азиланти на подрачјето на Карлскруна, каде што се наоѓа и семејството од Македонија, во интервју за Шведското радио вели дека секој месец испраќа повеќе уверенија до Миграцискиот завод во врска со деца кои се изложени на сериозни ризици за нарушување на здравствената состојба.
– Причината за тоа најчесто е одбивање на азилантски барања и одлука за екстрадиција, вели Јохан Бливик.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.